Старата година заврши со чудо: Златан Ибрахимовиќ јавно се извини

Златан Ибрахимовиќ е еден од фудбалските ликови со најголемо его, па затоа шокантно делуваше ситуацијата во последниот ден од 2024 година, кога директорот на Милан се појави пред камерите и упати јавно извинување до навивачите на „росонерите“.

Извинувањето се однесуваше на начинот на кој беше отпуштен Пауло Фонсека, португалскиот стратег доби отказ неколку минути по завршувањето на дербито со Милан, а веднаш потоа се појави на прес-конференцијата на „Сан Сиро“ и полн со емоции ја сподели веста со јавноста.

„Одлуката за отказот ја донесовме веднаш по мечот со Рома. Направивме грешка што го пуштивме да отиде на таа прес-конференција и сакам јавно да им се извинам на навивачите поради тоа. Би сакал да му се заблагодарам на Фонсека за професионализмот за време на неговиот престој овде, тој ја има мојата максимална почит. Причина за отказот е неконстантноста во резултатите, кога сте тренер на Милан резултатите се многу важни. Не сме задоволни од досегашниот дел од сезоната бидејќи поставените цели не се исполнети“, изјави Ибрахимовиќ.

Се вчитува...