Франк Рибери и Арјен Робен добри се за Баерн, но, не се интересни за челниците на кинескиот Шангај СИПГ затоа што, како што велат, се премногу стари за да играат во нивниот клуб. Спортскиот директор на клубот од Шангај, Мадс Дејвидсен, за „Билд“ изјави дека Ривери и Робен не се добредојдени во Кина. Главна причина за тоа, наводно, се нивните години – Рибери има 34, а Робен е една година помлад.
„Луѓето се во заблуда ако мислат дека во Кина може да дојде било кој играч од Европа. Помина тоа време. За Рибери и за Робен овде нема место. Нивниот воз е поминат. Зошто клубовите би носеле старци, ако може да зeмат играчи во најдобрите години. Погледнете колку години имаат Витсел, Алекс Тешеира или Оскар…“ – истакнува Дејвидсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА