Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е под истрага за прекршување на регулативата поврзана со обложување. Фудбалската асоцијација на Англија му даде рок до 20 ноември да одговори на обвинувањата според кои спортивно на правилата се обложувал или споделувал информации кои ги имал благодарение на неговата позиција, а кои се недостапни за јавноста.
Казната за ова е суспензија чија должина ќе зависи од тежината на прекршокот.
Експресно реагираше Ливерпул кој во соопштение вели дека Стариџ ги отфрла обвинувањата и дека тој комплетно соработувал и и натаму ќе соработува со истрагата.
Обвинувањата се однесуваат на перидот кога Стариџ беше на позајмица во Вест Брмович. Дел од бритнаските медиуми шпекулираат дека Стариџ се обложувал на трансфери на фудбалери и менџаери и дека тоа го правел преку други лица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА