Стариџ пристигна во Турција – Потпишува со Трабзонспор

Англискиот фудбалер Даниел Стариџ пристигна во Турција, каде ќе потпише договор со екипата на Трабзонспор. 29-годишниот напаѓач како слободен фудбалер го напушти тимот од „Енфилд“, за кој одигра 160 натпревари, постигнувајќи 67 погодоци.

Тој на крајот на минатата сезона доби суспензија од две седмици и казна од 75 илјади фунти бидејќи беше прогласен за виновен порадипрекршувања на правилата за обложување.

Нема сомнеж дека Стариџ ќе биде огромно засилување за Трабзон, но клучно сепак ќе биде тој да нема проблеми со повреди, нешто што му создаваше огромни главоболки во периодот во кој беше член на Ливерпул.

Се вчитува...