Стариџ си оди од Ливерпул за да си го спаси мундијалскиот сон

Даниел Стариџ ќе инсистира да му биде дозволено во јануарскиот преоден рок да си замине од Ливерпул, се со цел да игра стандардно во вториот дел од сезоната и да се избори за место во англискиот национален тим за претстојниот мундијал во Русија.Одличниот голгетер долго време се мачи со различни повреди, но во последните неколку месеци тој е здрав, но сепак не е дел од плановите на Јирген Клоп. Весникот „Мирор“ јавува дека Стариџ е крајно незадоволен од ситуацијата, бидејќи не добива доволно шанси да ги покаже своите квалитети. Тој би сакал да настапува за Англија на СП 2018, но тоа нема да биде возможно доколку не ги промени клупските бои.Според „Мирор“, голгетерот ќе нема никакви проблеми да најде нов клуб со оглед на фактот дека бројни премиерлигаши се во потрага по врвен напаѓач и се подготвени да платат над 30 милиони фунти, колку што се очекува Ливерпул да бара за овој фудбалер. 

Се вчитува...