Италијанецот, Јаник Синер стигна до својата прва гранд-слем титула откако денеска во трилер финале во кое имаше и негатива од два сета успеа да слави над Данил Медведев со 3-2 по сетови (3-6, 3-6, 6-4, 6-4 и 6-3).
Русинот за само еден час и дваесетина минути успеа на фуриозен начин да ги освои првите два сета со идентичен резултат 6-3. Синер конечно се разбуди од зимскиот сон и со многу подобра игра некако успеа да го освои третиот сет (6-4) и со тоа да намали на 2-1. Слично сценарио се случи и во четвртиот сет кој Синер на ист начин со брејк во десетиот гејм го доби (6-4) и израмни на 2-2.
Во последниот сет се виде замореноста на Русинот кој и официјално стана тенисер со најмногу поминати часови на еден гранд-слем. Синер направи брејк во шестиот гејм (4-2) и до крајот го приведе мечот за прв триумф. Медведев повторно успеа да загуби меч во финале на Австралија опен имајќи позитива од 2-0, откако истото му се случи пред две години кога беше поразен од Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

