Кире Лазаров и Нант направија подвиг во осминафиналето од Лигата на Европа на ЕХФ откако го елиминираа Фуксе Берлин, германскиот бундеслигаш кој важеше за еден од фаворитите за трофејот. Нант имаше предност од еден гол од првиот меч на домашен терен, но Лазаров и соиграчите одиграа уште поимпресивно во Берлин, славејќи на теренот на противникот со 30-33.
Првото полувреме донесе израмнета битка по која Фуксе Берлин замина на одмор со минимално водство од 15-14. Домаќините подобро го почнаа вториот дел, поведоа со 25-22, но потоа дојде до голема криза во играта на оваа екипа. Нилсен бранеше одлично на голот на Нант, што овозможи и лесни голови на спротивната страна, за пресврт и голем триумф за пласман во четвртфиналето.
Кире Лазаров одигра извонреден натпревар постигнувајќи пет гола со само едно промашување, со што беше втор стрелец на Нант во оваа голема победа, зад Монар со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА