Со голот на Оливер Дишлиевски далеку во вотирот дел, екипата на Охрид ја продожи победничката серија, и се наметна како најсериозен кандидат за пласман во прволигашката конкуренција. Охриѓани ја освоија Струмица и триумфираа против Беласица 0-1, со што дојдоа до 38 бодови, и се одлепија барем од третопласираната Брегалница која направи „кикс“ и загуби на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф.
Шкендија Арачиново, пак, во финишот од мечот стигна до победа над Преспа со 4-1, откако беше 1-1 до 77. минута. Но, во последните 13 минути домашните играчи постигнаа три гола за конечен триумф.
Брегалница загуби од Кожуф со 2-0, и остана на 33 бодови, и сега заостанува дури шест бодови од водечкиот тим на Охрид, и пет од Шкендија Арачиново. Екипата на Беласица падна на петото место, сега четврти е тимот на Скопје, кој со убедливи 0-4 ја совлада Слога Виница.
Осогово со минимални 1-0 беше подобра од Каменица Саса, додека Тетекс како домаќин беше подобар од Вардар Неготино со 2-0.
ВМФЛ, 16. КОЛО
БЕЛАСИЦА – ОХРИД 0-1
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – Г.КОЊАРИ 6-0
КОЖУФ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
ОСОГОВО – КАМЕНИЦА САСА 1-0
ПОБЕДА – НОВАЦИ 0-5
ШКЕНДИЈА А. – ПРЕСПА 4-1
СЛОГА ВИНИЦА – СКОПЈЕ 0-4
ТЕТЕКС – ВАРДАР Н. 2-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

