Старт од соништата: Кремонезе го доби и трилерот со Сасуоло

Кремонезе продолжи со одличните резултати на стартот од сезонава откако на победата над Милан во првото коло се надоврза со триумф на домашен терен против Сасуоло.

Фудбалерите на Кремонезе одиграа одлично прво полувреме во кое стигнаа до водство од 2-0 со головите на Терачано и Васкез, но гостите возвратија со два гола во вториот дел, израмнувајќи со пеналот на Берарди откако претходно меѓу стрелците се запиша и Пинамонти.

Кремонезе тргна во офанзива и таквиот пристап вроди со плод, успевајќи да стигнат до целиот плен благодарение на пеналот што во судиското продолжение го реализираше Де Лука.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...