Португалија и Чешка вечерва ќе го комплетираат првиот круг од групната фаза на Европското првенство во Германија. Во истата група Турција ја совлада Грузија со 3-1, во „страшен“ меч во Дортмунд.
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез се реши во првиот состав да му даде место на Кристијано Роналдо, кој ќе дејствува заедно во нападот со Рафаел Леао. Трет напаѓач нема. Сепак, за изненадување е тоа што ќе игра ветеранот Пепе во одбраната.
Кај Чешка, пак, најголем адут во нападот е Шик, кој ќе игра во навалната линија со Кухта.
📋 Start-XI @selecaoportugal vs. @ceskarepre_cz. 🇵🇹🆚🇨🇿#EURO2024 | #PORCZE | #POR | #CZE pic.twitter.com/64Hy9KXa4t
— UEFA EURO 2024 DE (@EURO2024DE) June 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА