Стартни тимови за ЛШ: „Милионерите“ ослабени, Ливерпул и ПСЖ во офанзива

Јирген Клоп не отстапува од формацијата 4-3-3 која му носи огромен успех, па Ливерпул ќе настапи со тројца напаѓачи и на денешниот дуел против Атлетико Мадрид. Тимот на Диего Симеоне досега нема загубено ниту еден домашен меч во нокаут фазата од ЛШ, но одбраната на чело со Облак ќе биде на сериозен испит да ги запре Мане, Салах и Фирмино.

Домаќините ќе бидат без Феликс и Трипие, во нападот ќе стартува Мората помогнат од Кореа, додека се очекува шанса во второто полувреме да добијат Диего Коста и Караско.

Најавите се остварија – Нејмар е „фит“ и ќе стартува од првата минута за ПСЖ на гостувањето против Борусија Дортмунд. Бразилецот за партнер во нападот ќе го има Мбапе, поддршка за двајцата врвни голгетери ќе биде Ди Марија, додека Кавани и Икарди ќе чекаат шанса од клупата за резерви.

Во таборот на „милионерите“ ќе ги нема повредените Ројс и Брант, но тренерот Фавр се „крсти“ во англиското чудо од дете, Џејдон Санчо, како и во Ерлинг Халанд, кој посакува да ја продолжи голгетерската серија во ЛШ од првиот дел од сезоната, кога го носеше дресот на Салцбург.

АТЛЕТИКО М. – ЛИВЕРПУЛ

Атлетико: Облак, Врсаљко, Савиќ, Фелипе, Лоди, Коке, Томас, Саул Нигез, Лемар, Кореа, Мората.

Ливерпул: Бекер, Александер Арнолд, Робертсон, Гомез, Ван Дајк, Фабињо, Вајналдум, Хендерсон, Мане, Салах, Фирмино.

БОРУСИЈА Д. – ПСЖ

Борусија: Бурки, Пишчек, Загаду, Хумелс, Гереиро, Витсел, Џан, Ашраф, Азар, Санчо, Халанд.

ПСЖ: Навас, Маркињос, Кимпембе, Силва, Муние, Курзава, Геје, Верати, Ди Марија, Мбапе, Нејмар.

Се вчитува...