Стартниот состав за Македонија: Велковски и Бејтулаи го сочинуваат стоперскиот тандем, Ибраими во нападот

Познат е стартниот состав на Македонија за пријателскиот натпревар со Саудиска арабија кој се игра во Абу Даби. Благоја Милевски се одлучи во стартниот тим да им даде шанса на двајцата интернационалци Велковски и Тошевски, кои заедно со Бејтулаи и Брдаровски ќе го сочинуваат одбранбениот „бедем“.

Во средниот ред шанса добиваат Димоски и Али Адем како последни играчи за врска, и Ферхан Хасани како офанзивен играч за врска. Дориев и Максимов како крилни фудбалери, како поддршка за Бесарт Ибраими, најистурениот во таборот на нашиот национален тим.

Дуелот со Саудиска Арабија започнува во 16:30 часот.

Се вчитува...