Формула 1 сезоната нема да почне ниту на средината од јуни како што беа опимистичките надежи. Канадското Гран при закажано за 14. јуни е официјално е одложено. Ќе бидат направени напори да се најде нов термин најбрзо што може кога ќе овозможат условите. Со ова веќе се откажани или одложени првите девет трки од сезоната 2020-21.
Следна на распоредот е трката во Франција предвидена за 26. јуни, но со оглед на ситуацијата и рестриктивните мерки кои важат и во оваа држава исто така сериозно погодена од коронавирсуот го прават и овој термин крајно неизвесен. Следниот термин е за австриската Ф1 трка на 5.јули. Австрија најавува дека ќе биде веројатно првата држава која ќе ги „олабави“ мерките за социјално дистанцирање, но јавните собири и таму и натаму се забранети до крајот од јуни.
Најголема надеж на Формула 1 во моментов за почеток на сезоната е Силверстоун. Британската трка е предвидена за 19. јули и надежите се дека во некој период од јули или август токуму на оваа патека би можел да биде означен почетокот на првенството. Седум од десетте Ф1 тимови се лоцирани во Англија. Дел од разговорите биле и дури на оваа патека да се одржат две трки, но втората под поинакво име. Ф1 дури и ги разгледува опциите за старт на сезоната без присуство на навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА