Стартува 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“

Со натпреварот меѓу домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер денеска од 18 часот стартува 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, кој до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Свеченото отворање на турнирот, пак, е закажано веднаш по завршување на мечот, од 20 часот, по што ќе следи и натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш.

Веќе утре на турнирот се натпреварите меѓу Струга и грчки ПАОК, како и дуелот меѓу Тиквеш и Екскилстуна Гуиф.

Според програмата на организаторите, во петок (16. август) во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат и Еурофарм Пелистер и ПАОК.

Во сабота (17. август) се разигрувањата за пласман. Од 10.30 часот е мечот за петто место, натпреварот за трето место е закажан за 18:30 часот, а големото финале ќе се игра во 20:30 часот.

Се вчитува...