Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ стартува 53. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2025“ на кој ќе учествуваат четири македонски и две екипи од странство.
Турнирот стартува денеска од 18:30 часот со „езерската пресметка“ меѓу домаќинот Струга и Охрид, а на вториот дуел ќе се сретнат Раднички Крагујевац од Србија и македонскиот суперлигаш Бутел Скопје.
Покрај овие четири екипи, на турнирот учествуваат уште ГРК Тиквеш од Кавадарци и ракометниот состав на Бурса од Турција.
Минатата година трофејот го освои екипата на Пелистер, но оваа година нема да биде дел од турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

