Стартува борбата за „Ушкото“ – Почнува новата сезона во Лигата на шампионите

Со шест натпревари денеска ќе стартува новата сезона во Лигата на шампионите. Се очекува најинтересно да биде во Торино, каде во реприза на финалето од 1997 година Јувентус ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

Денешната програма ќе стратува со двата меча од 18.45 часот во кој се среќаваат Атлетик Билбао – Арсенал и ПСВ Ајндховен – Унион Сен Жилон. Најтрофејниот фудбалски клуб Реал Мадрид ќе го пречека исто така поранешниот шампион на Европа, Олимпик Марсеј, а последните две двојки ги сочинуваат Тотенхем – Вилјареал и Бенфика – Карабах.

Македонија сезонава во елитното натпреварување ќе има само еден претставник во името на Елиф Елмас кој се врати во Наполи. Италијанскиот шампион својот прв меч ќе го одигра во четврток кога му гостува на Манчестер сити.

Титулата од минатата сезона ја брани Пари Сен Жермен кој во финалето го декласираше Интер со убедливи 5-0.

 

Се вчитува...