Со натпреварите меѓу Шведска и Англија како и домаќинот Полска и Словачка денеска во Кјелце и Лублин стартува Европското првенство 2017 за фудбалери до 21 година, на кое за првпат во својата историја меѓу најдобрите на Стариот континент ќе биде и Македонија.
Дванаесет најдобри млади репрезентации од Европа, поделени во три групи, од денеска па до 30. јуни ќе се натпреваруваат во битката европската круна. Победниците од трите групи, заедно со најдобрата второпласирана селекција, ќе обезбедат место во полуфиналните дуели на шампионатот кои ќе се играат во Тихи и во Краков на 27. јуни. Финалето на ЕП ќе се игра на 30. јуни во Краков.
Македонија, која е во Групата Б заедно со Шпанија, Португалија и Србија, својата одисеја на првенството ја стартува утре со дуелот против Шпанија од 20:45 часот во Гдиња. Следниот натпревар на македонската селекција е на 20. јуни во Бидгошч од 18 часот против Србија, а последниот дуел во групната фаза го играме на 23. јуни, повторно во Гдиња, против Португалија од 20:45 часот.
КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ЕП 2017 ВО ПОЛСКА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА