Со официјално отварање на плоштад „Македонија“ денеска од 18 часот стартува Европската недела на спортот.
“Европската недела на спортот” е проект на Европска Унија во која се вклучени европските земји, но и земјите кои претендираат да бидат дел од семејството на Европа. Агенцијата за млади и спорт беше носител на овој проект во последниве години кои за време пред и по неделата на спортот учевствуваа многу деца, млади но и повозрасни лица.
КОМПЛЕТНА ПРОГРАМА ЗА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ:
24.09.2021 – Скокање на јаже
Локација: Спортски стадион Борис Трајковски со почеток од 18:30 часот
25.09.2021 – Биди Активен Ноќ
Локација: Берово (целодневно дружење)
26.09.2021 – 3×3 Баскет
Локација: Средно Водно од 15 часот.
27.09.2021 – Ден на активна физичка писменост
Локација : 30 општини во различни времиња
28.09.2021 – Отворен ден – “Искачување до Средно Водно “
Поаѓање: ООУ “Кочо Рацин” – Скопје од 18 часот.
29.09.2021 – “Бидете активни – Жената во спортот”
Локација: Струга, Скопје, Битола, Куманово, Гостивар – различни времиња.
30.09.2021 – “Те предизвикувам да бидеш активен”
Локација: Охрид – почеток 18:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА