СТАРТУВА И БУНДЕСЛИГАТА: Голема „потера“ по Баерн Минхен!

Една од најинтересните фудбалски лиги во Европа, германската Бундеслига, започнува денеска. А, согласно традицијата, сезоната ќе ја отвори актуелниот шампион и победник на неодамнешниот државен Суперкуп – Баерн Минхен. И тоа против еден од неговите главни ривали за титулата, Лајпциг, вечерва на „Алијанц Арена“ (20:30 часот).

Баварците имаат убедливо најмногу титули во националните првенства (33), последната ја освоија со дури 13 бода повеќе од Баер Леверкузен. Сега тимот на Винсент Компани повторно е прв претендент за тронот.

Споменатиот вицешампион од Леверкузен повторно ќе атакува од позадина, сега со нов тренер, бидејќи Ерик тен Хаг го замени Чави Алонсо (Реал Мадрид), како и без неколку клучни играчи од претходните сезони – Вирц, Фримпонг, Шак и Тао.

Борусија Дортмунд ќе се обиде да им ги расипе плановите, во првата целосна сезона под водство на Нико Ковач. Со бековската линија како голем адут, со останувањето на Серу Гираси и доаѓањето на младиот Џоб Белингем.

Се очекува висок пласман и на Ајнтрахт, Штутгарт и Лајпциг, до степен до кој ќе се борат за учество во Лигата на шампионите 2026/2027.

Клубот од Франкфурт го продаде Екитике, но го доведе Буркарт, најдобриот стрелец на Германија минатата сезона. Лајпциг, пак, го задржа Симонс, го купи Шешек и донесе неколку млади играчи.

По седумгодишно отсуство, 137-годишниот Хамбургер повторно е во најсилната конкуренција, во пакет со големиот градски ривал Сент Паули…

БУНДЕСЛИГА (1. КОЛО)
ДЕНЕСКА (петок, 22.08.2025)
20.30 Баерн – Лајпциг

САБОТА (23.08.2025)
15.30 Хајденхајм – Волфсбург
15.30 Унион Берлин – Штутгарт
15.30 Баер – Хофенхајм
15.30 Ајнтрахт – Вердер
15.30 Фрајбург – Аугсбург
18.30 Сент Паули – Борусија (Д)

НЕДЕЛА (24.08.2025)
15.30 Мајнц – Келн
17.30 Борусија (М) – Хамбург

Се вчитува...