Стартува и Втората лига: „Лавовите“ желни за експресно враќање во елитата!

Стартува и новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Со седум натпревари денеска од 17 часот почнуваат возбудувањата и во вториот по квалитет домашен фудбалски шампионат.

Македонија ЃП и Охрид, но и Брегалница, Беласица и Детонит Плачковица се издвојуваат како најголемите фаворити за освојување на врвот и битката за место во Првата македонска фудбалска лига.

Токму Македонија ЃП и Охрид со меѓусебната пресметка денеска во Ѓорче Петров ја отвораат сезона во еден од најинтересните дуели на стартот, а не помалку интересно се очекува да биде и во Штип каде Брегалница ја пречекува прилепска Победа.

Натпреварот меѓу Борец и Башкими во Велес, поради административни проблеми на домашните, е одложен за вторник (20. август).

ВТОРА ЛИГА – 1. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Кочани: ОСОГОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО

Скопје: СКОПЈЕ – ВАРДАРСКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ОХРИД

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

Гевгелија: КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА

Радовиш: ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – НОВАЦИ

Гостивар: АРСИМИ – БЕЛАСИЦА

20. АВГУСТ 2024 (17 ч.)

Велес: БОРЕЦ – БАШКИМИ

Се вчитува...