Престојниов викенд повторно ќе го гледаме најбрзиот патувачки циркус во светот – Формула 1. Љубителите на мотоспортот со нетрпение ја очекуваат првата трка во сезоната што ќе се одржи на 8 март на Алберт Парк во Мелбурн за Големата награда на Австралија.
И, ова не е само нова сезона, туку и почеток на новата ера што започнува со промената на правилата што донесе хаотични ситуации во Ф1 и на кои речиси сите возачи се спротиставија.
Промена на правилата на Формула 1 – почеток на нова ера
Новите правила што се воведуваат во 2026 година претставуваат најголема промена во Формула 1 во многу години – ако не и најголемата досега.
Автомобилите ќе бидат помали, поагилни и поеколошки. Ќе бидат полесни за 30 килограми, потесни за 10 сантиметри и ќе имаат погонски единици со речиси еднаква распределба на моќноста меѓу електричните и моторите со внатрешно согорување – користејќи целосно одржливи горива.
Дали трките ќе бидат поинакви? Да, но колку поинакви – е една од многуте непознати.
Никогаш порано правилата за шасијата и моторот не биле променети во толку голема мера истовремено.
Ќе бидат воведени нови аеродинамични правила, а погонските единици, иако со слична основна архитектура како во претходните 12 години, се значително подобрени од технолошка страна.
Целта е да се зголеми брзината на правците за да се овозможи поголемо собирање енергија за време на сопирањето.
Веќе некое време возачите изразуваат загриженост за тоа како сето ова ќе влијае на трките. Се чини дека ќе има и некои необичности.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

