Стартува пријавувањето за новата сезона во Детската лига на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија информира дека стартува процесот на пријавување на екипите за новата сезона во Детската лига, но и за регионалните лиги за петлиња и помлади петлиња.

Во новата 2025/26 сезона ќе може да партиципираат фудбалери родени во 2011 година во Регионалните лиги за петлиња; фудбалери родени во 2012 година во Регионалните лиги за помлади петлиња како и млади фудбалери родени од 2013 до 2018 година кои во шест категории ќе учествуваат во ФФМ Детските лиги.

Рокови за пријавување:

– Најдоцна до 27.07.2025 (недела) за регионалните лиги за петлиња и помлади петлиња

– Најдоцна до 06.08.2025 (среда) за ФФМ Детските лиги

По истекот на роковите ќе следи официјалната постапка за доставување документи и разгледување на апликациите од страна на клубовите кои ќе се пријават.

Ги потсетуваме сите заинтересирани клубови и оние кои веќе учествувале, како и оние кои првпат сакаат да бидат дел од лигите да аплицираат најдоцна до наведените термини.

Клубовите кои ги добиле потребните мејлови со информации и линкови за онлајн пријавување, нека ја пополнат пријавата навреме.

Доколку некој клуб од било која причина не го добил мејлот, потребно е да испрати е-порака со интерес за учество на адресата: bojan.markovski@ffm.com.mk. По тоа, клубот ќе добие повратен мејл со сите потребни информации и инструкции за пријавување.

Се вчитува...