Фудбалската федерација на Македонија од денеска, преку продажната мрежа на МКтикетс, ги пушта во продажба билетите за квалификациските натпревари со Ерменија на 2. септември, а на 8. септември против Романија кои ќе се играат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Цената на билетите изнесува 300 денари за натпревар, а согласно ограничувањата поради мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините, во продажба ќе бидат пуштени по 3.000 билети.
Во продажба се пуштаат и билетите за квалификацискиот натпревар во Охрид меѓу младите селекции на Македонија и Србија кои ќе чинат по 150 денари. Македонија и Србија во квалификациите за ЕП 2023 ќе играат на 7. септември од 16 часот.
Согласно официјалната одлука на Владата на сите натпревари на македонските селекции е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи: – Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест; или – Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Ова не се однесува на лица под 18 годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА