Фудбалската федерација на Македонија од денеска попладне ќе ги пушти во продажбата билетите престојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија од кваликациите за пласман на СП 2026 кој на 6. јуни се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонија ќе се соочи против една од најсилните европски репрезентации во меч кој дефинитивно ќе биде силен предизвик за избраниците на Благоја Милевски.
Фудбалската федерација на Македонија се одлучи за крајно популарни цени за пресметката со европскиот гигант, кои ќе се движат од 300 до 500 денари во зависност од трибината и блокот на нашиот најголем стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

