Стартува Серија А: Можат ли Елмас и Наполи да го одбранат тронот

Со четири натпревари денеска започнува новата сезона во италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи ќе имаат тешка задача да ја одбранат титулата која минатата сезона ја освоија на спектакуларен начин.

Токму денеска шампионот ја отвора новата сезона со дуел против Фрозиноне кој е со почеток во 18.30 часот. Букмејкерите фаворитската улога му ја даваат на Интер, но сите стручњаци велат дека годинава може да ја гледаме најнеизвесната сезона во последната деценија во калчолигата.

Покрај Интер и Наполи, шанси за трофејот имаат и Милан, Јувентус и Рома, а не смеат да се отпишат ниту Лацио и Аталанта.

Се вчитува...