СТАРТУВА ВМФЛ: Сезона во која секој меч ќе биде со големо значење

Со осум натпревари денеска стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Оваа сезона носи дополнителна неизвесност, бидејќи речиси секоја позиција на табелата ќе има значење. Причината е најавеното кратење на лигата – од 16 на 14 екипи – како и промените во Првата лига, од каде што ќе се слеат повеќе тимови.

Од Втората МФЛ директно ќе испаднат четири екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, што значи дека дури седум клуба од сегашните шеснаесет би можеле да се преселат во понизок ранг. Во исто време, само првопласираниот тим обезбедува директен пласман во Првата лига, додека вториот и третиот ќе бараат шанса преку бараж.

Се очекува дека штипска Брегалница е најголем фаворит за првото место, во кругот екипи кои ќе се борат за промоција во Прва МФЛ се Беласица, Скопје, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица, но и сите останати сигурно имаат амбиција за што е можно повисок пласман, но и да се избегне преселба во понизок ранг.

Сите натпревари ќе се емитуваат во директен пренос на YouTube платформата на ФФМ.

ВМФЛ 1. КОЛО (17 часот)

Скопје – Слога 1934

Вардар Неготино – Тетекс

Брегалница – Кожуф

Новаци – Победа

Каменица Саса – Осогово

Преспа – Шкендија Арачиново

Охрид – Беласица

Големо Коњари – Детонит Плачковица

Се вчитува...