Стартуваа натпреварите на ИТTФ Светскиот јуниорски челинџ куп во пинг-понг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во „ВИП Арената А1“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и официјално отворен еден од најголемите пингпонгарски настани во историјата на македонскиот спорт, ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг.

Претседателот на Пингопонгарската федерација на Македонија, Горан Тиловски истакна дека е чест што сме домаќини на повеќе од 100 најдобри млади светски пингпонгари, сето тоа како мотив повеќе за организација на вакви купови и во иднина.

„Ваков светски собир дефинитивно е момент плус и за дополнителен развој на овој спорт во нашата земја. Секако самата доделена организација од страна на ИТТФ е големо признание, па верувам ќе се покажеме како добри домаќини“ – истакна на свеченото отворање, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Турнирот за отворен го прогласи претседателот на ИТТФ, Томас Вајкерт, кој е гостин на Пингпонгарската федерација, податок кој е дополнително признание за работата на раководството на федерацијата.

По вчерашниот старт на натпреварувањето, денеска на вториот ден на турнирот на програмата се финалните натпревари во екипна конкуренција. Од утре до сабота следуваат натпреварите во поединечна конкуренција и во двојки.

 

Се вчитува...