Стартуваат борбите на Светското кикбокс првенство – Познат ждребот за македонските репрезентативци! (ФОТО)

Mакедонската сениорска кикбокс репрезентација е дел од од ВАКО светското кикбокс првенство за сениори и ветерани кое до 30 ноември се одржува во Абу Даби, ОАЕ.

Нашата земја ќе настапи со осум натпреварувачи во девет натпреварувачки влезови. Репрезентацијата ја предводи селекторот Дејан Митровски – Урко и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски, а во составот влегоа Бобан Илиоски, Силвио Мировски, Лука Ќипровски, Максим Митровски, Нелсон Узеир, Петре Велков, Стефан Михајловски и Климент Грозданоски.

Веќе познати се и противниците за нашите репрезентативци по завршувањето на ждрепката за почетните натпреварувачки рунди.

Претседателот Дејан Митровски – Урко истакна дека во сите ждребови нашите репрезентативци кикбоксери имаат корекни и искусни натпреварувачи.

„По синоќешното свечено отварање на првенството веќе ги разработиме тактиките на нашите натпреварувачи кон противниците. А, од денеска стартуваат квалификациските борби . Им посакувам на нашите натпреварувачи многу среќа и успех на шампионатот“ – истакна Митровски.

На светското првенство учествуваат 2522 натпреварувачи од 90 држави од целиот свет.

Се вчитува...