Стартуваат и возбудувањата во Купот на Македонија: Денеска најинтересно во Охрид, Работнички гостува во Карбинци

Денеска, со првите натпревари од 1/16-финалето стартуваат и возбудувањата во Купот на Македонија.

Натпреварите од првото коло ќе бидат поделени во повеќе натпреварувачки денови, се до 10 септември.

На денешните први натпревари најинтересно се очекува да биде во Охрид каде истоимената екипа ќе биде домаќин на прволигашот АП Брера. Работнички гостува во Карбинци, а Македонија ЃП на Љуботен.

Вардар, како бранител на трофејот, и минатогодишниот финалист Струга ТЛ се слободни во 1/16-финалето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА, 16 ч.)
ОХРИД: Охрид – АП Брера
ВЕЛЕС: Башкими 2008 – Детонит
КАРБИНЦИ: Карбинци – Работнички
НОВАЦИ: Евротип – Силекс
ВАЛАНДОВО: Победа (В) – Брегалница
СКОПЈЕ: Љуботен – Македонија ЃП

УТРЕ (27.08.2025 – 16 ч.)
СТРУМИЦА: Беласица – Арсими

2. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
КУМАНОВО: Шкендија (А) – Саса

3. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ПЕТРОВЕЦ: Пчиња – Новаци
ТЕТОВО: Тетекс – Пелистер

9. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ПРИЛЕП: Победа – Башкими

10. СЕПТЕМВРИ (15:30 ч.)
ГЕВГЕЛИЈА: Кожуф – Шкупи
ТЕТОВО: Јени Мале – Шкендија
СКОПЈЕ: Скопје – Тиквеш

Се вчитува...