Стартуваат и вторите лиги: Струшко дерби во Охрид, Борец ја пречекува Плачковица

Пролетниот дел од Втората лига во западната конкуренција веднаш стартува со големата дерби пресметка меѓу двете водечки екипи, Струга Трим Лум и Лабуништа.

Стружани во соседското дерби силите ќе ги мерат во Охрид на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“. Во првиот меч сезонава Струга Трим Лум и Лабуништа ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2.

Од останатите пресметки интересно ќе биде и во Битола каде реновираниот Пелистер максимално амбициозно атакува на трите бода против Велазерими.

Полошкото дерби ќе биде во Тетово каде Тетекс го пречекува Гостивар.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: 15. КОЛО (14 ч.)
ПЕЛИСТЕР – ВЕЛАЗЕРИМИ
ТЕТЕКС – ГОСТИВАР
СТРУГА ТЛ – ЛАБУНИШТА
ГОБЛЕН ЈУНИОР – КОРАБ
ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР

Во Втората лига – Исток, Борец има убедлива предност по првиот дел од сезоната, дури осум бода позитива во однос на второпласираниот Тиквеш. Кавадарчани се надеваат дека можат да го достигнат составот на Горазд Михајлов на врвот, но исто така мораат да ја чуваат и втората позиција која носи во бараж за Првата лига.

Во само пет бода се и Кожув, Кит Го и Брегалница кои исто така имаат прволигашки аспирации.Остануваат уште четири кола, а потоа и трет круг по Бергеров систем.

Борец е голем фаворит против Плачковица, a најинтересно на стартот треба да биде на дуелот меѓу Кожув и Брегалница. Кит Го и Тиквеш исто така се многу поквалитетни од Каменица Саса и од Детонит, и би требало да освоијат три бода на гостински терен.

ВТОРА ЛИГА ИСТОК, 15.КОЛО (14 Ч.)
БОРЕЦ – ПЛАЧКОВИЦА
КОЖУВ – БРЕГАЛНИЦА
ПАРТИЗАН ОБРШАНИ – ВАРДАР НЕГОТИНО
КАМЕНИЦА САСА – КИТ – ГО
ДЕТОНИТ ЈУНИОР – ТИКВЕШ

Се вчитува...