Со првите два натпревари во Охрид и во Велес, денеска стартува ракометниот плеј-оф за шампионската титула. Охрид кој во регуларниот дел од сезоната заврши на првото место на табелата во Супер лигата, денеска (19.30) во салата „Билјанини извори“ го пречекува Еурофарм Работник, а во Велес, во истот термин (19.30 ч.), Борец е домаќин на Пелистер.
Охриѓани се надеваат на успешен старт и на трета среќа во дуелите со Еурофарм Работник сезонава. Битолскиот новак во суперлигашкото друштво беше поуспешен од Охрид во двете средби во регуларниот дел од шампионатот.
„Оваа година навистина не очекувавме вакви резултати. И јас и играчите сме презадоволни од ова што го постигнавме досега. Се надевам така ќе продолжиме и во завршницата на првенството. Во плеј-офот сакаме да уживаме во натпреварите со квалитетни противници. Денеска сме хендикепирани заради отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Јовица Младеновски, но тоа нема да не спречи да пружиме максимум вио дуелот со Еурофарм, па кој е подобар нека победи“ – вели тренерот на Охрид, Горан Андоновски.
Третиот натпревар од првото коло во плеј-офот е утре (18 ч.) во Автокоманда, во големото дерби меѓу Металург и Вардар.
Натпреварите од плеј-аутот за опстанок во Супер лигата, стартуваа вчера со дуелот Радовиш – Работнички (31-29). Денеска се играат другите два натпревари: Вардар јуниор – Металург 2 (18 ч.) и Прилеп – Пролет (19 ч.).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА