Стартуваат второлигашките возбудувања: Борец, Брегалница, Кит Го на Истокот…, Струга ТЛ, Гостивар, Скопје на Западот

Со натпреварите од 1. коло денеска од 17 часот стартуваат и второлигашките возбудувања од новата сезона во двете конкуренции, Источната и Западната.

Ако се суди според креацијата на екипите кои се и во двете конкуренции, повеќе од интересни шампионати ја очекуваат македонската второлигашка сцена. На Истокот се чини се издвојуваат пет екипи кои ќе се борат за влез во Првата лига предводени од велешки Борец, а дополнети со Брегалница, Тиквеш, Кожуф и амбициозниот дебитант Кит Го од Пехчево.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (1. коло, денеска, 17 ч.)

Пехчево: КИТ ГО – ПЛАЧКОВИЦА

Кавадарци: ТИКВЕШ – КОЖУФ

Радовиш: ДЕТОНИТ ЈУНИОР – БОРЕЦ

Каменица: САСА – ПАРТИЗАН ОБРШАНИ

Неготино: ВАРДАР Н. – БРЕГАЛНИЦА

Во Втората лига Запад, пак, Струга Трим Лум со бројните засилувања во летниот преоден рок некако се наметнува како прв фаворит за освојувањето на првото место сезонава, иако тука се и Гостивар, Велазерими но и минатогодишните прволигаши Скопје и Пелистер.

Куманово повторно се враќа на домашната фудбалска сцена со дебитантска сезона во Втората лига на Гоблен јуниор, а деби сезона во својата историја во Втора лига ќе има и за гостиварски Генч Калемлер.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (1. коло, денеска, 17 ч.)

Гостивар: ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР -ТЕТЕКС

Дебар: КОРАБ – ГОСТИВАР

Куманово: ГОБЛЕН ЈУНИОР – СТРУГА ТЛ

Струга: ЛАБУНИШТА – ВЕЛАЗЕРИМИ

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...