Светскиот шампион Аргентина со победа ја почна одбраната на насловот на Копа Америка. „Гаучосите“ во Атланта славеа над Канада со 2-0 на стартот на Копа Америка.
Двете селекции одиграа одличен натпревар, но на крај победи подобриот.
На првиот гол се чекаше се до 49. минута, кога стрелаше Хулиан Алварез за 1-0.
Меси имаше неколку убави можности за погодок кои не ги искористи, но затоа во 88.минута со феноменална асистенција за Лаутаро Мартинез помогна да се дојде до конечни 2-0.
🚨🚨| HUGE CHANCE FOR MESSI BUT HE FAILS TO CONVERT IT!! pic.twitter.com/fhhRfMKUPC
— CentreGoals. (@centregoals) June 21, 2024
LAUTARO MARTINEZ DOUBLES THE LEAD AFTER A WONDERFUL PASS BY LIONEL MESSI!
WHAT AN ASSIST! 🇦🇷😱pic.twitter.com/ChsShtREFe
— Stop That Messi (@stopthatmessiii) June 21, 2024
Аргентина во следното коло на 26. јуни игра против Чиле, а во групата е уште со селекцијата на Перу. Аргентина, заедно со Бразил, се најголеми фаворити за трофеј. Аргентинците атакуваат на рекордниот свој 16-трофеј на Копа Америка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА