Стартуваше најголемиот турнир во регионот – „Илинден Куп 2025“: Фудбалски празник за најмладите (ФОТО/ ВИДЕО)

На фудбалските терени во Марино, општина Илинден, а во организација на Фудбалска школа Грозданоски од Скопје, стартуваше најголемиот фудбалски турнир во Македонија, но без сомнение и во регионот – „Илинден куп 2025“. Вистински празник на фудбалот кој на едно место ги собира најдобрите идни фудбалски ѕвезди од Македонија, но оваа година и од уште девет земји од Европа.

И оваа година турнирот е под покровителство на општина Илинден и градоначалникот, Александар Георгиевски, соборувајќи ги сите апсолутни рекорди кога е во прашање бројот и квалитот на учесници на еден фубалски турнир во Македонија.

Вкупно 75 клуба ќе бидат дел од „Илинден куп 2025“ со 235 екипи од 10 европски земји, распределени во 6 возрасни категории, од 8 до 13 години, или околу 3500 млади фудбалери од цела Европа. Меѓу нив фудбалски гиганти од Европа како Бриж и Андерлехт од Белгија, Фенербахче и Бешикташ од Турција, Динамо Загреб од Хрватска, Партизан и Црвена Звезда од Србија, Левски од Бугарија, но и екипи од сите најдобри македонски клубови, Вардар, Шкендија, Работнички, Пелистер, Тиквеш, Брегалница, Брера….

 

Спектаклот кој стартуваше вчера се игра на 14 терени, со впечатливи бројки, дури 28 натпревари во еден час, а во исто време на терен се активни 56 екипи.

„Ова е еден од најдобрите турнири за млади категории во регионот а можеби пошироко. Одлична организација од Фудбалската школа Грозданоски, и може да кажам феноменални бројки на учесници со врвни европски имиња. Доаѓаме тука и навистина сме воодушевени од тоа што го гледаме. Ваквите собири се од непроценливо значење за да се собере искуство кај младите фудбалери, но секако пред се стекнување нови пријателска, запознавање различни култури. Преку вакви настани, децата учат што значи тимска работа, фер-плеј, дисциплина и спортски дух“ – ни изјави тренерот на екипата на Динамо Загреб, Антонио Павловиќ.

Инаку, турнирот синоќа официјално го отвори градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, со присуство на дечињата од сите екипи учесници.

Денеска продолжуваат натпреварите од групната фаза во пооделните генерации, а за утре се закажани и елиминациските натпревари, и финалните натпревари по кои ќе бидат познати сите победници.

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ, НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ И СИТЕ СЛУЧУВАЊА НА „ИЛИНДЕН КУП 2025“, КАКО И ДЕЛ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЖИВО, МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...