Почна НБА Ол-стар: По Гасол се радуваше на победа, Порториканецот Алварадо ги засени сите на мечот „Ѕвезди во подем“ (ВИДЕО)

Стартуваше НБА Ол-стар викендот во САД со првата вечер во знакот на младите „ѕвезди во подем“ во еден изменет формат со дебитантите во НБА и играчите кои се втора година, заедно и со најдобрите кошаркари од развојната Џи-лига.

И целата вечер мина во знакот на плејмејкерот на Њу Орлеанс, Порториканецот Хозе Алварадо, кој има 24 години, роден е во Њујорк, но поради своите корени настапува за репрезентацијата на Порторико. Алварадо беше единствениот недрафтуван кошаркар од сите 28 кои беа во четирите тима на синоќешниот собир, но на крај го крена признанието за МВП на вечерта.

Младите кошаркари беа поделени во четири тима, чии тренери беа четири поранешни големи имиња од НБА-лигата. Победи тимот на По Гасол во финалето, против составот на Жоаким Ноа, а тренери беа уште и Дерон Вилијамс и Џејсон Тери.

Тимот на Пау Гасол, кој важеше за фаворит со Скоти Барнс (Торонто) и Паоло Банkеро (Орландо), во полуфиналето победи против тимот на Дерон Вилијамс со 40-25, а избраниците на Жоаким Ноа славеа против тим Џејсон Тери со 40-32. Во финалето, фаворитите на Гасол водеа со 22-20, кога тргнаа во напад, а Хозе Алварадо погоди тројка за победа.

Интересно, претходно Алварадо тргнувајќи во напад разговареше со Донован Мичел, кој седеше меѓу гледачите, велејќи му: „Сега ќе дадам кош за победа“. И, навистина. Немаше идеална позиција, но погоди тројка за триумф на неговиот тим.

Се вчитува...