Стартуваше „Операција ЕВРО 2020“ – Националниот тим го одработи првиот тренинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија ја стартуваше „Операцијата ЕВРО 2020“ со првиот тренинг кој го одработи на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Енис Барди поради позитивен Ковид-тест во моментов е изолиран од останатите фудбалери, додека последните ќе се приклучат капитенот Горан Пандев, како и Аријан Адеми и Столе Димитриевски на 31. мај.

Македонија пред стартот на шампионатот ќе одигра две пријателски средби, против Словенија на 1. и Казахстан на 4. јуни во Скопје.

Историскиот прв натпревар на Европските првенства „црвено-жолтите“ ќе го одиграат на 13. јуни на Националната арена во Букурешт против Австрија.

 

Се вчитува...