Во Струмица, преку свеченото отворање и првите натпревари стартуваше првиот „Пандев Куп 2018“ а на кој учествуваат 64 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска.
Интернационалниот „Пандев Куп“ чија интенција е, преку својата масовност и квалитет, да стане традиција за овој регион која ќе се препознава се игра деновиве на осум фудбалски терени а е во организација на ФК Академија Пандев со поддршка на ФФМ и АМС на Република Македонија.
Натпреварите на турнирот се во четири возрасни категории (2006, 2007, 2008 и 2009 година) и поделени во вкупно 16 групи од по четири. Се игра по системот “секој со секого”, првопласираните две екипи од секоја група одат во плеј-оф А, а третата и четвртата во плеј-оф Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА