Ракометарите на дански Алборг со победа на домашен терен во дербито против Веспрем од 32-28 ја стартуваа новата сезона сезона во елитното ракометно европско натпреварување Лигата на шампиони.
Првиот дел помина во фуриозна игра на двете страни во која подобро се снајдоа домаќините кои по триесет минути игра имаа позитива од два гола 17-15. Оваа предност успеаја да ја задржат и во вториот дел и на крајот да стигнат до конечен триумф од 32-28. Арнолдсен со шест гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Ремили заврши со осум погодоци.
Во вториот натпревар од новата сезона Спортинг Лисабон славеше на гостувањето кај Динамо Букурешт со 30-33.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

