Стартуваше Третата лига – Југ: Превалец го чува врвот

По зимската пауза во петте трети фубалски лиги на Македонија први стартуваа екиpите во Третата лига – југ кои во првото пролетно коло пожааа завидна ефикасност.

На пет натпревари беа постигнати дури 34 гола. Најмнoгу, дури 11 на мечот меѓу Ултрас од Прилеп и Младост од Кривогаштани .

Слободни беа Башкими и Питу Гули бидејќи Слога од Лажани се откажа пред почетокот на годинашново првенство, а Дреново пред пролетниот старт.

Пролетниот старт на Третите лиги: Исток, Југозапад, Север и Запад е закажан за 8 март.

 М.М.

РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

Млекар – Превалец 1-3

Венец – Бучим 3-0

Тополка – Влазними 8-1

Ултрас – Младост 10-1

Борец-Росиман 6-1

  • На табелата води Превалец со 34 бода колку што има и  Борец од Велес, но со подобра гол разлика

 

Се вчитува...