Стартуваше Тур Д’Франс: Историски 1-2 триумф на близнаците Јејтс

Победник на првата етапа од најпознатата велосипедска трка Тур Д’Франс е британскиит велосипедист Адам Јејтс. Тој ја однесе победата пред својот брат близнак Сајмон Јејтс. Ова е прва етапна победа на Адам на некоја од трките од гранд турите, па на втората етапа ќе ја носи жолтата маичка.

Третиот на целта беше Тадеј Погачар. Меѓу првите десетмина се најдоа и Пионо, Вудс, Лафај, Хиндли, Јенсен, Вингегор и Гауда.

Трката денеска почна од шпанскиот град Билбао. Втората етапа се вози утре од Виторија до Сан Себастијан.

Се вчитува...