Статистика Аргентина – Хрватска: Дали сте знаеле…

Се е подготвено за големиот спекакл – вечерашното мундијалско полуфинале што ќе се одигра на стадионот „Лусаил“, со капацитет од 88.966 места.

Ова е второ мундијалско полуфинале во низа за Хрватите, кои пред четири години во Русија во оваа фаза од СП ја елиминираа Англија.

„Коцкестите“ важат за мајстори во пенал-завршниците, ако се знае дека на досегашните четири пенал-рулети избраниците на Златко Далиќ имаат четири победи.

Ако успее да слави, Хрватска ќе стане првата селекција што обезбедила две финалиња во низа, по Бразил во 1998 и 2002 година.

Лео Меси се надева на освојување на единствениот пехар што недостига во неговата колекција. Аргентинецот веќе има едно финале, во 2014 година кога загуби од Германија, но се надева на повеќе среќа на овој последен мундијал за него.

Аргентина е поранешен светски првак од 1978 и од 1986 година, додека беше вицешампион во три наврати.

Хрватска и Аргентина имаат одиграно две средби на светските шампионат, Аргентина славеше во групната фаза во 1998 година со минимални 1-0, додека „коцкестите“ со доминантна игра ги демолираа „гаучосите“ со 3-0 на СП во Русија во 2018 година.

Се вчитува...