Пресметките меѓу Реал Мадрид и Барселона со право важат за најинтересни во светскиот фудбал, а историјата вели дека во 115-годишната традиција ова ќе биде 233. официјален натпревар меѓу големите ривали. Од нив, 93 средби завршиле со победа на Реал, 91 со триумф на каталонскиот гигант, додека на 49 меча немало победник.
Интересен е податокот дека Лионел Меси е најдобар стрелец во историјата на „Ел Класико“ со вкупно 21 гол, но Аргентинецот во меѓувреме како да заборавил како се тресе мрежата на Реал Мадрид. Имено, по триумфот од 3-4 во Мадрид на 23 март 2014 година на кој Меси стигна до хет-трик, тој ниту еднаш не успеал да се запише меѓу стрелците на овие суперинтересни натпревари.
Оттогаш двата тима одиграле шест меѓусебни средби во сите натпреварувања, Барселона има две победи, наспроти три на Реал и едно реми, а Меси ниту едаш не ја затресол мрежата на „кралевите“.
Стаатистиката не му е наклонета ниту на Кристијано Роналдо, кој вообичаено игра подобро на гостувањата на „Камп ноу“ откаколку на „Сантијаго Бернабеу“. Португалецот досега има пет гола на „Ел Класико“, од кои два во Мадрид, а три во Барселона, но тој три пати се радувал на победата на „Сантијаго Бернабеу“ наспроти пет триумфи на „Камп ноу“.
Барса во последните години одлично се снаоѓа на жешкиот терен во Мадрид. Од сезоната 2008/09 па се досега се одиграни 13 средби на „Сантијаго Бернабеу“, при што Реал има само три победи, наспроти седум на Барселона и три нерешени средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА