Статистика Супер-лига: Пелистер најефикасен тим, Маџари со најмногу скокови

Компаративната, споредбена статистика по 11 одиграни кола во „МТЕЛ“ Супер лигата вели дека екипата на Пелистер има најстандардни бројки. Статистичките показатели по првиот круг од натпреварите во најквалитетното натпреварување вели дека екипата на Пелистер е најефикасната.

Во просек, „пелистерци“ реализирале по 91.5 поени по натпревар, што е доста подобро во однос на екипите на МКК Куманово, кој во овој момент е на просечни 84. поени, односно оние 82. поени на новакот во оваа конкуренција – Маџари.

Кошаркарите на битолскиот суперлигаш имаат и најдобра реализација во обидите вредни по три поени. „Пелистерци“ погодуваат со 35.9% зад линијата од 6.75 метри. Зад нивниот, е ефектот на екипата на Работнички со 35.3% и лидерската екипа во првенството, ТФТ која е на 34.6%.

„Зелено-белите“ се во овој момент први и на листата на екипи со најдобра реализација за еден поен. Реализираат со 76.3% на успешност, што е за нешто подобар скор во однос на гевгелиски Кожув кој е на 75.9% односно Работнички со 75.6%.

Екипата од Битола има и најголем број на освоени топки во првиот дел од сезоната. Избраниот тим на тренерот Борче Даскаловски има по 9.1 освоена топка на натпревар, што е нешто повеќе во однос на ефектот на ТФТ, екипа која има 8.8, односно Маџари, кој е на 8.4 во моментов.

Освен тоа Пелистер е и на второто место според бројот на успешни додавања – имаат просечни 20.5 асистенции, и се на третото место според процентот на реализација за два поен, но и на листата на екипи со најмалку загубени топки. Во оваа статистичка категорија, лидерска екипа е МЗТ Скопје Аеродром.

Аеродромци реализираат со 62.1% на успешност, што е подобро во однос на МКК Куманово, екипа која има 60.8% од овие позиции, односно Пелистер со 56.2%.

МКК Куманово е тимот со најголем број на остварени асистенции. Кумановци во просек реализираат по 21.8 асистенции, пред Пелистер кој има по 20.5, и екипата на Чаир 2030 со 19.8..

Маџари има најголем број на реализирани скокови. Новакот во суперлигашката конкуренција во просек има по 43.8 скока на натпревар, што е подобар ефект во однос на најблиските ривали, екипите на ТФТ и Феникс 2010 со просечни 40.скока по натпревар.

Екипата на Кожув важи за најдобрата кога се во прашање бројот на загубени топки. Гевгеличани губат , во просек по 11.2 топки на натпревар, што е подобро во однос на МЗТ Скопје Аеродром со 11.7, односно Пелистер, со 12.2.

Се вчитува...