Се е подготвено за вечерашната пресметка меѓу Франција и Шпанија на „Алијанц Арена“ во Минхен, дуел што ќе го даде првиот финалист на ЕВРО 2024.
Шпанците имаат перфектен ефект досега на шампионатот, Французите се мачат, но на сите им е јасно дека во ова полуфинале ќе нема вистински фаворит бидејќи станува збор за дуел на два фудбалски гиганта.
Ова е дел од статистиката поврзана со вечерашниот дуел…
Ова е шести меч меѓу Шпанија и Франција на големите натперварувања. Французите славеа на три од првите четири (2-0 во финалето на ЕВРО 1094, 2-1 во четвртфиналето на ЕВРО 2000, 3-1 на СП 2005). Единственото реми беше во групната фаза од ЕВРО 1996 (1-1), но Шпанија славеше на последниот дуел со Франција на едно ЕП, пресметката во четвртфиналето на ЕВРО 2012 (2-0 за „црвената фурија“).
Шпанија има пет победи на првите пет средби на ЕВРО 2024. Ниту една селекција во историјата на европските шампионати нема забележано шест победи во низа на еден турнир.
Шпанија атакува на четвртото финале на европските првенства, но две од претходните три финалиња „триколорите“ играа на домашен терен (2000 заедничка организација со Холандија, 1984 самостојни домаќини). Шпанија досега има одиграно четири финални средби на ЕП, повеќе од Шпанците по бројот на финалиња имаат само Германците (шест).
Шпанија има четири победи на досегашните пет полуфинални средби на ЕП. Последниот настап сепак беше пораз, и тоа на пенали од Италија на ЕВРО 2020.
Шпанија е селекција со најмногу голови на ова ЕП (11) и најмногу шутеви кон противничкиот гол (102). Од друга страна, Франција игра одлично во дефанзива, па противниците упатиле вкупно 42 удари кон францускиот гол (во рамките, надвор од рамките и изблокирани удари).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА