Статистиката е само бројка: Феенорд со 20% посед го „растури“ Баерн Минхен

Дека статистиката е само бројка, и дека не влијае на конечниот резултат, е доказ вчерашниот меч помеѓу Феенорд и Баерн Минхен. Холандскиот тим на крајот славеше убедлив триумф од 3-0, иако статистичките бројки беа целосно на страната на „Баварците“.

Залудно Баерн Минхен ја имаше во посед топката 80% од времето, кога Феенорд ги релаизираше своите шанси. Баерн беше убедлив и во другите статистички параметри, меѓутоа бодовите одат на крајот кај Феенорд.

Феенорд имаше вкупно осум шутеви, од кои три во рамките на голот, и сите завршија во мрежата. додека Баерн имаше неверојатно 30 удари, од кои шест во голот, и ниту еден не заврши во мрежата. 1-13 корнери во корист на Баерн, центаршутеви, допири во шеснесетник, додавања… сето тоа беше на страната на гостите, а домаќините се радуваа на бодовите.

Се вчитува...