Статистиката на Меси: Трча помалку од голманите, ама шутира повеќе од сите

Лионел Меси и Аргентина имаа неочекувано лош почеток на Светското фудбалско првенство во Русија. Не само поради резултатот на дуелот со Исланд, туку и поради вкупниот впечаток што го оставија на средбата. Она што беше особено впечатливо, дефинитивно е изданието на Лео Меси од кого составот на Аргентинците премногу очигледно е комплетно зависен.

Дека нешто се случува со Меси потврдува и официјалната статистика. Иако само по еден натпревар, впечатливи се неколку слаби бројки поврзани со неговото име.

Во натпреварот против Исланд, Меси претрчал 7,61 километар. Тоа досега е најмалку во однос на сите играчи на првенството по 90 минути. И без топка, Меси исто така трчал најмалку од сите, дури и помалку од голманот Руи Патрицио.

Против Исланд, Меси имал само 17 спринта, половина помалку од Фелипе Кутињо и Месут Озил. Во оваа категорија, Кристијано Роналдо ги помести границите бидејки на 33-годишна возраст, на мечот против Шпанија разви брзина од 34 километри на час. Најголемата брзина на Меси во еден од тие 17 спринта била 25 километри на час што е побавно од Иниеста и од Давид Силва.

Она што добро го прави Меси остануваат шутевите и дриблинзите. Во овие категории е далеку пред сите. Тој има 15 успешни дриблинзи и е на прво место според бројот на удари. Иако има одиграно само еден натпревар и натаму има четири шута повеќе од првиот следен, Русинот Черишев.

Репрезентацијата на Аргентина вечерва во второто коло од групата има огромен предизвик бидејќи се соочува со селекцијата на Хрватска.

 

Се вчитува...