Статистиката на нашата страна, но Ерменците поубедливи на домашен терен

ЕКИПА во Ереван, Ерменија

Владимир Булатовиќ

Репрезентацијата на Ерменија е противник против кого македонската селекција има најмногу одиграни натпревари во својата досегашна фудбалска историја.

Дури 14 досега двете репрезентации имаат меѓусебни натпревари, од кои четири завршиле со победа на Ерменците, седум со триумф на Македонија и три со реми, со гол разлика од 25-18 во корист на Македонија.

Двете селекции имаат шест одиграни натпревари во Ереван, две со победа на домашните, едно реми и три победи на македонската селекција, од кои последната убедлива со 0-5 во квалификациите за СП 2022. Досега во Ереван, Ерменците постигнале 12 погодоци, а вкупно 10 македонската репрезентација.

Интересно, Македонија најубедливиот пораз од Ерменија од 0-4 го доживеа токму во онаа Лига на нации, на 16. октомври 2018 година, преку која се избори за пласман на Европското првенство 2020. Тогаш, само поради киксот на Ерменците на дуелот против Гибралтар, Македонија успеа да дојде до првото место во групата и баражот за пласман на ЕВРО 2020.

Се вчитува...