Статистиката на страната на Бугарите: Алекс Трајковски единствен од актуелниот состав стрелал против Бугарија (ВИДЕО)

ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ

За Македонија и Бугарија дуелот во Разград утре од 18 часот на „Хувефарма арена“ е прв официјален натпревар меѓу двете селекции, но вкупно осми во досегашната историја.

Двете репрезентации досега имаат одиграно седум меѓусебни натпревари, сите пријателски, од кои Бугарија е резултатски поуспешна со четири победи, наспроти две на Македонија и една средба која заврши без победник. Гол разлика е 7-3 во корист на Бугарите.

Последниот меѓусебн дуел е од пред шест години во Скопје кога Бугарија на арената „Тодор Проески“ славеше со 0-2. Од актуелниот репрезентативен состав кој сега е во Разград на тој натпревар пред шест години настапија Кире Ристевски и голманот Столе Димитриевски, а на дуелот беа и Стефан Ристовски и Адис Јаховиќ кои сега беа ослободени од обврските за јунскиот собир од селекторот Благоја Милевски.

Последната победа, пак, за Македонија е од 14. август 2013 година кога во Скопје триумфиравме со погодоците на Агим Ибраими и Александар Трајковски кој и сега ќе биде во комбинација за настап на дуелот во Разград.

На тој дуел во составот беше и Давид Бабунски, како и голманот Кристијан Наумовски и Стефан Спировски, а на голот беше Томе Пачовски кој сега е тренер на голманите во стручниот штаб на Благоја Милевски.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА
29. март 2016: Македонија – Бугарија 0-2
14. август 2013: Македонија – Бугарија 2-0
1. март 2006: Македонија – Бугарија 0-1
15. август 2001: Бугарија – Македонија 1-0
25. март 1998: Македонија – Бугарија 1-0
28. мај 1996: Бугарија – Македонија 3-0
12. април 1994: Македонија – Бугарија 0-0

Се вчитува...