Мечот Шпанија и Мароко ќе се решава на пенали, откако во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови. Двата тима имаа по 1-2 шанси, но мрежите мируваа па ќе одат на изведување по 11 метри, втор натпревар кој ќе се решава по ударите од белата точка, после оној Хрватска – Јапонија, кој го добија „коцкастите“.
Шанса во продолженијата имаше Мароко кој во 104. минута ја проби одбраната на Шпанците, но Шедира шутира, ама голманот Симон успеа да одбрани.
Во второто продолжение еден противнапад на Мароканците преку Шедира, но на крајот беше стигнат и затворен од одбраната. Во финишот возбудувања пред голот на Мароканците, но Мората беше неснаодлив, а потоа центаршут на Вилијамс и расчисти Хакими во корнер. Најдобрата шанса се случи во последните секунди кога Сарабија ја погоди стативата, па мечот оди да се решава на пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА