Статуа на Марадона ќе го краси Неапол

Поминаа  30 години откако Наполи го освои „скудетото“ на 10.мај 1987 година со легендарниот Диего Марадона. Во чест на јубилејот, се појави иницијатива околу изградба на статуа на легендарната „десетка“, поддржана од фондацијата „Банко ди Наполи“, платформата „Меридионаре“ и фудбалската школа „Арчи Скампиа“ и веќе вирусно е проширена на социјалните мрежи.

Претседателот на фудбалската школа која е дел од проектот, Ентони Смал, ги објасни причините околу кампањата за монументот:

 „Диего Марадона е симбол на она што Наполи го направи пред 30 години, тема која тогаш беше таму во Неапол, со оглед на тоа дека никој не веруваше дека може да го освоиме „скудетото„. Ова е нашето „благодарам“ за големиот Марадона.“

За статуата се одвоени 30.ооо евра, а се работи и на организирање на пријателски натпревар кој ќе се игра на денот на прославата, и тоа меѓу шампионската генерација од 1987, предводена од Марадона, против сегашниот тим на Наполи. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Сан Паоло“, а веднаш по мечот аргентинската икона ќе ја прими наградата за почесен граѓанин на Неапол.

 

Се вчитува...